Како дел од проектот “Raise your voice for a smarter choice” од 6 до 8 јуни се одржа подготвителна посета во основното училиште “Мирослав Антиќ” од Ниш. За време на посетата беа одржани состаноци за успешно планирање на активностите кои ќе се реализираат за време на планираната активност со ученици. Целта на посетата беше размена на искуства, градење на доверба, можности за идна соработка и планирање на активностите кои ќе следат.