Топло добредојде од учениците на основното училиштето Bec de l’ Aguila имавме четвртиот ден од мобилноста во Шпанија. На почетокот имавме тура и запознавање со училиштето и професорите во него, а потоа следеа предвидените работилници. За време на музичката активност имаше социјализација, интеракција помеѓу учениците од двете земји, како и запознавање со традиционалната шпанска музика. Следеше работилници за одржливост во која преку употреба на рециклирани материјали учениците изработуваа предмети кои ќе бидат употребени во следните активности. Третата и последна активност за овој ден беше поврзана со развивање на физичкото и менталното здравје на учениците во кое повторно учениците користеа вештини за соработка. Денот во училиштето заврши со заеднички ручек на сите ученици, што беше заедничко задоволство на двете страни. До крајот денот учениците уживаа во слободното разгледување на градот Сан Висенте.