Think Green. Love the School. Be Cool Ден.2 - Добре Јованоски

Think Green. Love the School. Be Cool Ден.2

Мобилност во Шпанија
Вториот ден од мобилноста во Шпанија го искористивме подобро да ја запознаеме историјата на градот Валенсија шетајќи низ прекрасниот историски центар на Валенсија.
Ја посетивме познатата Плаза де ла Вирген која е опкружена со трите монументални згради: катедралата Санта Марија, базиликата Вирген де лос Десампарадос и палатата Генералитатот. Го посетивме еден од најпознатите споменици, примерок од економската моќ на Валенсија од XV век- Лоња де ла Седа, а потоа и познатите кули Торес де Серанос. На познатиот пазар Колон ја истраживме убавината и разновидноста на шпанската храна. По посетата на Универзитетот во Валенсија, на крај бевме восхитени од неверојатниот објект- Градот на уметноста и науката.