Меѓународен ораторски натпревар - Добре Јованоски

Меѓународен ораторски натпревар

  • 14, декември 2021 - 10:00

Ученичката Исидора Николоска од 9-2 одделение, од нашето училиште ООУ„Добре Јованоски“ Прилеп, освои 3-то место на „Меѓународниот ораторски натпревар“.

Ментор на ученичката е наставничката по Македонски јазик – Јагода Волческа.

По повод патрониот празник на ООУ „Свети Климент Охридски“ од Прилеп и по повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, минатата недела беше организирана меѓународна ораторка вечер посветена на овој наш великан. Настанот го отвори директорот на училиштето Ахил Јаков, кој ги поздрави сите учесници.
Се говореше на македонски, албански, турски, бошњачки и на српски јазик. Настанот се одржа онлајн, на платформата Зум, а видеата беа снимени од страна на менторите на учениците што учествуваа, додека говорите беа преведени и титлувани на македонски јазик.
Заврши долго подготвуваниот настан по повод нашиот патронен празник. Среќна сум што го реализиравме онака како што го замисливме. Благодарна сум им на моите колеги, кои го поддржаа, но особено сум им благодарна на менторите, кои вложија многу труд. Главната цел на овој настан беше меѓуетничката соработка, можноста да чуеме ученици од различни училишта, градови, држави. Да започне, да се продлабочи и да се зацврсти соработката на колегите и училиштата. За тоа многу се радувам – вели Јулијана Танеска, наставничка во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, директно вклучена во реализацијата на проектот.
Таа дополни дека симболичното доделување награди е само јакнење на натпреварувачкиот дух, самата активност да добие малку поинтересна нота. Тоа не значи дека другите ученици се помалку значајни или не ја постигнале целата.
Оваа манифестација е трета по ред што нашето училиште „Климент Охридски“ годинава ја одржа на платформата Зум. Овој настан е поддржан од здружението „Мировна акција“ – Прилеп/Тетово. Организацијата е поддржувач на процесот на интегрирано образование во училиштата и со нас, но и со дел од училиштата учесници има направено низа проекти и активности во кои се вклучени и едукации на наставници во полето на меѓуетничката интеграција – објасни Талеска.

Додека комисијата одлучуваше за наградите, ученици од ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Климент Охридски“ се претставија со музички точки предводени од своите менторки: Маја Џопа и Андријана Дукоска. Исто така учениците од ликовната секција, под менторство на наставничката Александра Богоеска, беа инспирирани од говорите и насликаа прекрасни цртежи.
Тричлената комисија: Филип Димкоски (поет, новинар), Магдалена Сајкова (наставничка по македонски јазик во „Стив Наумов“ – Битола) и Сања Зеленкиќ (наставничка по српски јазик во „Здравко Гложански“, Бечај, Р Србија), имаше тешка задача да ги избере најдобрите.

Наградени:
Првото место го освои ООУ „Десанка Максимовиќ“- Заечар, Р Србија, ментор: Стева Јовановиќ, оратор: Петар Радосављевиќ.
Второто место го делеа две училишта: ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово, ментор: Вилдане Исмани, оратор: Енес Зеќири, и ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, ментор: Билјана Јагуриноска, оратор: Евгенија Димитриоска.
Третото место го освои ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп, ментор: Јагода Волческа, оратор: Исидора Николоска.

 

EVENT INFO :

  • Start Date:14, декември 2021
  • Start Time:10:00
  • End Date:14, декември 2021
  • End Time:12:00

FIND THIS EVENT ON :

X