„ZERO WASTE JOURNEY“ – проект реализиран преку пларформата за виртуелни проекти – eTwinning Време на реализација: Декември/2024 – Јуни/2025 Во проектот зедоа учество ученици од шесто одделение од нашето училиште. Пратнери во проектот беа училишта од пет европски земји: Хрватска, Романија, Турција и Македонија. Основната цел на проектот беше истражување за позитивен и одржлив исход во иднина за тоа како да се стекне начин на живот со што помалку отпад. Учениците се фокусираа на еколошки прашања кои вклучуваат намалување, рециклирање и реупотребана отпадот. Тие разменија корисни еколошки навики и искуства. Се дојде до заклучок дека целта би се постигнала преку редизајнирање на производи со цел елиминирање на пакувањата направени од нерециклиран отпад (стара облека, пластика, најлон, хартија), донирање стара облека, купување помалку но подобро, избирање органска или одржлива храна без пластично пакување, поправање расипани предмети наместо да се фрлаат и слично. Учениците се водеа под мотото „Отпадот на едно лице може да биде богатство за друг“. Пред да се впуштат во ова „патување без отпад“ наставниците ги охрабрија учениците да се прашуваат: „Дали ми треба?“ пред да купам и „Како можам повторно да го користам?“
