MY SWEET PLANET

„MY SWEET PLANET” eTwinning проект реализиран во периодот Септември/2024- Јуни/2025год. Во проектот зедоа учество ученици од 9то одделение под менторство на наставничките Билјана Здравеска, Билјана Тромпеска и Ивана Поп-Антовски. Во овој проект се работеше на тоа учениците да ја засакаат нашата планета и да научат како да ја заштитуваат. Планетата на која живееме ни припаѓа нам. Нејзината заштита е важна за сите подеднакво. Идните генерации исто така ќе постојат на оваа планета, па затоа треба уште од училишна возраст да се едуцираат за нејзината заштита. Наши партнери во проектот беа училишта од Романија, Италија, Турција, Грција и Полска. Учесниците се фокусираа на многубројни активности: засадување дрвца, изнаоѓање врски на природата со уметноста, истражувања за сите видови загадувања на планентата и изнаоѓање решенија за нивно надминување или намалување. Учениците од сите земји учеснички ги презентираа своите идеи и предлози за заштита, на виедо средби преку платформата ZOOM. Средбите имаа и забавен и натпреварувачки карактер кој се состоеше од одговарања на квиз-прашања и сложување сложувалки преку апликациите KAHOOT и PUZZLES. Проектот беше награден со две признанија -Национална ознака за квалитет -Европска ознака за квалитет.

 

Добре Јованоски