За потребите на проектот “Raise your voice for a smarter choice” од програмата Erasmus+, поддржана од Европската Унија, училиштето објавува оглас за пријавување на ученици за учество во мобилностите предвидени со овој проект. Критериуми за пријавување се:
Да поседуваат лидерски и комуникациски способности;
Да сакаат тимска работа;
Да поседуваат валиден пасош.
Учениците кои сакаат да се пријават треба да достават мотивационо писмо.
На огласот може да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, без оглед на нивниот успех, верска и национална припадност и социјален статус.Огласот е отворен 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, а заинтересираните ученици можат да се пријават кај членовите од Erasmus+ тимот од училиштето. Ќе биде формирана комисија која ќе одлучува за изборот на учениците.