Извештај од посетата на обуката "Стратегии за намалување на прераното напуштање на училиштето” во Сплит, Хрватска преку Erasmus + програмата - Добре Јованоски

Извештај од посетата на обуката "Стратегии за намалување на прераното напуштање на училиштето” во Сплит, Хрватска преку Erasmus + програмата

Од 16.03 до 22.03.2024 година нашето училиште преку проект од Erasmus +
програмата учествуваше на обука во Сплит, Хрватска. Обуката на тема "Стратегии за
намалување на прераното напуштање на училиштето” ја посетија шест наставници од
нашето училиште: Јасмина Алампијоска, Даниела Ризовска, Панде Николоска, Јулијана
Димеска, Кристина Тасеска, како и координаторот на проектот Изабела Узуноска Црнеска.
Во оваа интернационална обука учествува 34 наставници од многу европски земји:
Германија, Латвија, Шпанија, Финска, Португалија, Полска, Романија, Србија, Италија и
Македонија.
Првиот ден беа разменети искуства за образованието и образовните системи во
земјите од кои доаѓаат и беа споделени традиционални деликатеси.
Вториот ден од обуката се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат
наставниците во 21-от век. Наставниците од Финска, Германија, Шпанија, Македонија и
Хрватска споделија искуства и мислења за образованието и образовните системи во
нивните земји и предностите и недостатоците на истите. Вториот дел се состоеше од
студија на случај поврзана со прераното напуштање на училиштето од теориски и
практичен аспект. Следуваше активност на искуствено учење преку предавање за
историјата на Сплит и далматинската култура од страна на локален туристички водич.
Третиот ден од обуката започна со сесија на која се дискутираше за најдобрите
начини на комуникација на релација наставник-ученик, како стратегии за задржување на
учениците во училишните клупи. Во втората сесија се дискутираше за идентификување на
причинителите на стрес кај учениците и начините за нивно надминување. Третата сесија
се состоеше од дискусија за стратегии за идентификаџија на проблемите поради кои
учениците го напуштаат училиштето и поттикнување позитивен однос кон образованието
и развивање свесност за значењето на истото.
Четвртиот ден започна со активност преку која членовите на групата споделија
информации за образовните системи во своите земји, како и искуства од образовниот
процес. Учесниците (од Латвија, Португалија, Романија и Македонија) остварија средби со
локалните наставници. Вториот дел од активностите се реализираа на отворено во
амфитеатарот во Марјан шумата. Активностите вклучија практични вежби за
поттикнување на сочуство и емоционална интелигенција ао цел да се спречи раното
напуштање на училиштето. Во делот од социјалната програма беше реализирана посета
на Трогир.
Петтиот ден започна со сесија на која присуствуваа претставниците од сите групи
во Еразмус+ програмата. Учесниците работеа "Brain gym exercises" и се проследи

презентација за тоа што го прави еден наставник одличен. Потоа се разви дискусија и се
споделија искуства за тоа како учениците ги оценуваат наставниците и кои квалитети
најмногу ги ценат кај истите. Во вториот дел се реализираа активности од социјалната
програма – посета на живописниот остров Брач.
Шестиот ден започна со состанок на групата во училницата, а продолжи со
активности на прекрасна локација, на плажата Бене, во склоп на парк шумата Марјан.
Учесниците на обуката учествуваа на активност во која преку осознавање на природата и
откривањето на петте сетила се подобрува ученичката мотивација. Активностите
вклучуваа индивидуална и групна работа и соработка. Истиот ден се случи и социјален
настан на кој се остварија контакти за идни проекти и соработка.
На последниот, седмиот ден од обуката учесниците работеа на активност со
користење на дигитални алатки „Scavanger hunt“ и беше имплементирана нова дигитална
алатка – Goose chase. Следеше евалуација на обуката и доделување на сертификати за
учесниците.
Тимот кој учествуваше во обуката ќе спроведе дисеминација за наставниците од
ООУ ,,Добре Јованоски“ на истата тема "Стратегии за намалување на прераното
напуштање на училиштето”.

Координатор на проектот од Erasmus + програмата
Изабела Узуноска- Црнеска

X