Ден 6 Шпанија - Добре Јованоски

Ден 6 Шпанија

Ден 6
Шестиот ден од мобилноста во Шпанија започна со посета на
“The Ocean Race” музејот. Учесниците ги разгледаа поставките во музејот со водич кој поблиску им ја објасни историјата и важноста на трката со бродови околу светот. Потоа проследија предавање за важноста на океаните, заштита на видовите и морскиот свет, опасноста од загадување со пластичен отпад и свесност за влијанието на климатските промени врз океаните. Следуваше работилница на тема ” Заштита на нашите океани: Остварување на цели за одржлив развој”. По паузата учесниците го посетија замокот ” Castell de Santa Barbara” каде уживаа во прекрасниот поглед на заливот на Аликанте и околината.