Ден 5 Мобилност во Шпанија - Добре Јованоски

Ден 5 Мобилност во Шпанија

Денес нашата група заедно со групата од Словачка и ученици од училиштето домаќин беше на посета на Универзитетот во Аликанте. Таму најпрво ја посетија централата со соларни панели која ја користи сончевата светлина за производство на електрична енергија, која пак понатаму се користи за потребите на универзитетските објекти.
Потоа учесниците ја посетија централата за преработка и третман на солената морска вода, која по третманот се користи за наводнување на комплексот, а сè со цел за одржлив развој и паметно користење на ресурсите.
На крај од претпладневните активности, учесниците посетија научна лабораторија во која преку строго контролирани испитувања на животни се пронаоѓаат лекови за најразлични состојби и болести.
Во попладневните активности нашите ученици имаа презентација во училиштето домаќин, преку која успешно ја претставија нашата земја, нејзината култура и традиција, нашиот град со најпознатите знаменитости, како и нашето училиште и изгледот и работата на истото.