Во животот, разликата помеѓу успехот и неуспехот помалку или повеќе се должи на храброста. Никој не успеал без труд и напорна работа.
Доказ за тоа е нашата ученичка од деветто одделение Исидора Николоска, со освоеното прво место на Државниот натпревар за библиотекарство што се одржа во Охрид.
За првпат натпреварот во библиотекарство наредната година ќе се одржи во Прилеп, под покровителство на Градската библиотека ” Борка Талеска”.
Благодарност до вработените во Градската библиотека и директорката Моника Талеска за безрезервната поддршка што и ја овозможија на нашата ученичка. Честитки и за менторот Јагода Волческа.