Денес учениците од 7мо одделение, заедно со наставничката по хемија Христина Манческа и наставниците Ирена Митреска, Билјана Тромпеска и Симона Ѓорѓиоска, реализираа организирана и едукативна посета на реномираната компанија Витаминка. Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на производство на Стоби Флипс, како и со работната средина и организацијата на производството во фабриката. Беше тоа прекрасно поминат и едукативен ден исполнет со нови знаења и позитивни впечатоци.
- 17 Фев
- 2026