Првенец на генерација 2022/2023 - Добре Јованоски

Првенец на генерација 2022/2023

Комисијата за избор за првенец на генерација, а со одлука на Наставничкиот совет од ООУ “Добре Јованоски” Прилеп, за првенец на генерацијата е избран Стефан Ѓорѓиоски. На Стефан му посакуваме да искачува уште многу врвови и успешно да ги совладува сите предизвици на патот наречен успех. На колегите што го оформија овој ученик и неговиот класен раководител Јасмина Илиеска и на сите останати им посакуваме да испраќаат уште многу идни генерации на кои ќе се гордееме. Посебна благодарност на наставничката Снеже Стефаноска од одделенска настава која постави цврст темел на знаење кај нашиот првенец Стефан.
👏👏Стефан честитки и биди горд што беше дел од нашето училиште!👏👏

X