Почеток на учебна 2023/2024 - Добре Јованоски

Почеток на учебна 2023/2024

Драги ученици! Денес е почеток на новата учебна година. Убаво е да си спомнуваме секој ден дека образованието не претставува подготовка за живот, туку самото образование претставува живот. Образованието ни е пасош за иднината, бидејќи утрото им припаѓа на оние кои денес се подготвуваат за него.
Затоа на сите ви посакуваме успешен почеток и тек на новата учебна 2023 – 2024 година. Нека биде исполнета со многу петки и успеси за сите вас.
Драги ученици искористете го знаењето на вашите наставници зошто еднаш просветлен ум никогаш не може да биде мрачен. ООУ “Добре Јованоски” Прилеп, ве пречекува и оваа година во ново руво, со нови нагледедни средства, нови лектирни изданија, нови тоалети, а секако и училишниот двор пленува со своето зеленило и многу други работи кои ќе оставиме да ги видите во нашето училиште.
Да не го заборавиме од оваа година да го спомнеме и тоа дека сите првачиња ќе имаат обезбедена ужинка од страна на Локалната самоуправа и Градоначалникот Борче Јовчески.
1 Септември
X