Недела на детето - Добре Јованоски

Недела на детето

Недела на детето

Учениците од 2-5 одделение ја одбележа детската недела со работилница под мотото „СИТЕ ДЕЦА ИМААТ ИСТИ ПРАВА”. Ги научија своите права и одговорности без разлика на пол, раса и верска припадност.

Активот од шесто одделение ја одбележа детската недела со посета на Дневниот центар „Ѕуница“. под мотото „Ајде да другаруваме”

По повод Неделата на детето наставничките заедно со учениците од 4-3, 4-5 и 4-6 направија работилница ,,Мојата желба е…”

 

Активот од 5то одделение ја одбележа Неделата на детето

под мотото:

“Секое дете е различен вид на цвеќе и сите заедно го прават овој свет прекрасна градина “

Учениците и наставниците од 4-1, 4-2 и 4-4 одделение, заедно со наставникот по физичко Евица Крстеска се вклучија во одбележување на Детската недела. Со активноста ,,Сите сме еднакви”.

Учениците од 7мо и 9то одделение, заедно со наставничката по германски јазик Марија Хаџи-Митреска се вклучија во одбележување на Детската недела. Преку видеото “ Was macht euch glücklich?“ ( Што ве прави среќни?) не потсетуваат дека децата имаат многу желби но најважните работи во животот не се секогаш поврзани со материјалното -тие се бесплатни. 🫶🏽🤗

Учениците од II-1,II-2, II-6 одделение Детската недела ја започнаа со изведување на еднодневна екскурзија на Могилата на непобедените.

Со прошетка и разгледување на спомениците преку едноставни приказни им беше доближано минатото на македонскиот народ.

Следна активност на учениците беше преку игри да се зближат, да ги споделат знаењата за друштвените игри кои ги играат и денес, а кои ги играле и нивните родители, баби и дедовци.Куцкамен, ластик, бишка,(водење на плочка со стап), скокање на јаже и вртење на хулахоп.

Учениците и наставниците од III-1, III-3 и III-4 одделение, заедно со наставникот по физичко Јанко Крнче се вклучија во одбележување на Детската недела. Со активноста ,,Учиме и градиме соживот преку игра” тие порачаа: ,,Сите сме еднакви”.

 

 

Детска недела 3то Детска недела 3то Детска недела 3то Детска недела 3то Детска недела 3то Детска недела 3то Детска недела 3то Детска недела 3то

Учениците од II-4 одделение под менторство на наставничката Сузана Дарковска ја одбележаа “Неделата на детето” со одржување на работилница, преку која ги научија ПРАВАТА НА ДЕТЕТО!

X