Во духот на традицијата, креативноста и пораката на простување, маската ,,Прилепски мечкар – чувар на традицијата” се издвои по својата оригиналност, вложениот труд, вниманието кон деталите и силната симболика и ја освои наградата за НАЈДОБРА МАСКА од прво до петто одделение на изложбата по повод карневалот ,,Прочка”.
Му честитаме на учениците од 4-2 одд. и нивниот ментор наставничката Македонка Костадиноска за креативноста, храброста и вложениот труд. Нека ова признание биде поттик и понатаму да творат.