Државно првенство во ракомет за женски од основните училишта од Македонија - Добре Јованоски

Државно првенство во ракомет за женски од основните училишта од Македонија

Денес во нашето училиште се одржа Државно првенство во ракомет за женски од основните училишта од Македонија. на кое првенство имаше четири екипи од различни градови меѓу кои и нашето училиште.

Овој ден ќе не потсетува да не заборавиме дека спортувањето носи најголеми придобивки кај децата, почнувајќи од физичкото и од психолошкото здравје, сѐ до социјалниот аспект од животот. Спортот како телесна активност дополнително стимулативно помага во тактичкиот раст и развој. Спортот претставува воспитно-социјална активност, која има улога во растот и во подготовката на личноста за одговорна возрасна личност. Влијае на поттикнување на социјалното однесување, успехот во училиште, јакнење на карактерот, самопочитување и самодоверба, усвојување морални вредности и навики за здраво живеење.
Затоа ние ќе тежнееме да заборавиме дека среќата не доаѓа како резултат на добивање на нешто што немаме, туку на препознавање и почитување на она што го имаме.”

I.место-Јосип Броз Тито-Струга

II.место-Климент Охридски -Делчево

III место-Гоце Делчев – нас.Илинден-Скопје

IV место-Добре Јованоски-Прилеп

Честитки за сите учесници и нивните ментори.

X