Ден на пролетта и екологијата - Добре Јованоски

Ден на пролетта и екологијата

Како и секоја година, така и оваа учебна година училиштето се вклучи во одбележување на Денот на пролетта и екологијата. За таа цел, учениците заедно со своите наставници се вклучија во голем број на активности:
➡️ Засадување на цвеќиња кои ја разубавија летната училница во училишниот двор💐🪣
➡️ Учество на пролетниот хепенинг на паркот на Могилата, организиран од Општина Прилеп🌿🪻
➡️ Еко активност – рециклирање
➡️ Посета од најмалите на Марковите Кули, каде свечено ја пречекаа пролетта🖼️🎨🖌️
Целта на овие активности е подигнување на еколошката свест и култура на сите граѓани, како и придонесување за почиста околина и поздрава средина.🇲🇰
Благодарност до сите ученици и наставници кои учествуваа во активностите! 👏
X