Со огромна радост, гордост и благодарност го споделуваме нашиот успех – освоено Гранд При на карневалот по повод Прочка! 

Ова признание е резултат на многу труд, креативност, сплотеност и љубов кон она што го работиме. Кога сите дишеме како едно и веруваме во заедничката идеја, успехот е неизбежен.
Искрена благодарност до нашите наставници и ученици од петто и седмо одделение зошто без вашата посветеност, енергија и талент ова немаше да биде возможно.Посебно за помошта што ни ја даваше наставничката по ликовно образование, нашиот редок бисер Маја Најдоска.Маската е целосно изработена од рацете на наставниците и учениците на што сме посебно горди.
Благодарност и до организаторите за прекрасната атмосфера и можноста да бидеме дел од овој величествен настан.
Посебна благодарност до Општина Прилеп и до градоначалникот Дејан Проданоски за поддршката и вложениот труд во одржувањето на традицијата.
Благодарност и до комисијата за избор за укажаната чест и доверба.
Ова е наша заедничка победа! Нека ни е за многу години Прочка, со уште повеќе радост, креативност и успеси! 
