Сите заедно денеска средно и основно образование или поточно Училишниот парламент на ООУ “Добре Јованоски” Прилеп и Младинската организација на СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп вклучени во хуманитарниот спортски настан за помош на малиот Марко кој боледува од ретка болест. Денес учениците од сите училишта ни одржаа лекција нам возрасните за хуманост. Браво дечки за успешната организација, се надевам дека ќе имаме уште многу вакви успешни приказни од вас младите во нашиот град.
Благодараност и до сите волонтери и чинетли во овој процес. Марко денеска околу двеста детски срца биеа за тебе!