На наше големо задоволство денеска во собраниската сала на Општина Прилеп се доделија сертификати за завршено неформално образование на 29 учесници во процесот за дооформување на основно образование за возрасни. Голема благодарност до Министерката за образование и наука г-ѓа Весна Јаневска која го поддржа овој настан со нејзиното присуство и не удостои со посета на нашето училиште каде ги виде условите за работа на учениците и наставниците. Благодарност до Општина Прилеп и Градоначалникот г-дин Борче Јовчевски како и до УНДП за довербата што ни ја дадоа како училиште да бидеме првото основно училиште во градот кое обезбеди образование за возрасни.
Продолжуваме понатаму со уште многу успеси!