Според “Водичот за ученичко учество, ученичко организирање и заштита на детските права во основните училишта” , денес во нашето училиште по пат на тајно гласање за претседател на ученичкиот парламент беше избрана Михаела Богеска од 9-2 одделение, а за нејзин заменик Михаела Велеска од 9-3 одделение.






