Во периодот Февруари – Јуни/2024г. преку eTwnning платформата се реализира проектот насловен „THEY WERE KIDS TOO“. Во него зедоа учество учениците од 6то одд. – Ива Трајкоска, Бисера Цветаноска, Дамјан Ангелески, Стефани Ристеска, Далибор Ристески, Ана Марија Стојаноска и Димитриј Спиркоски. Тие разменија свои искуства со нивни врсници од Турција, Италија, Шпанија, Полска и Република Србија. Преку употреба на палета од разновидни компјутерски апликации, учениците едни на други презентираа биографии на познати личности (артисти, научници и бизнисмени) – секои од своите земји. Посебно, познавањето на нивното детство, средината во која живееле и образованието кое го стекнале им даде можност на учениците да ги споредат нивните со сопствените услови за живеење. Всушност, тие разбраа што би можеле да направат на нивниот пат – патот кон успехот. Средбите се одвиваа онлајн преку Zoom- платформата при што учениците ги подобрија своите јазични и креативни способности и ги развија нивните комуникациски и ИКТ – вештини. Освен презентациите, учениците имаа можност и да се забавуваат. Учествуваа во квиз-натпревари и сложуваа сложувалки. Како краен продукт на проектот произлезе е-магазин и виртуелен музеј со содржините од презентациите на сите земји учеснички во проектот. За успешноста, на проектот му беа доделени две признанија за квалитет – на национално и на европско ниво: 3. Национална ознака за квалитет (од страна на НА на РСМ за Европски образовни програми) 4. Европска знака за квалитет (од страна на Европската извршна агенција за образование и култура -EACEA) Проектот го реализираа наставничките: Јасмина Илиеска Билјана Тромпеска Билјана Здравеска
