
По објавениот конкурс за ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА се пријавија две ученички од 9-то одделение и тоа : Елеонора Илиоска и Исидора Николоска.
Според бодувањето кое беше направено од страна на комисијата по пропишан правилник, ученичката Елеонора Илиоска освои 178 бодови и ученичката Исидора Николоска освои 303 бодови.
Со тоа, по предлог на комисијата Наставничкиот совет го потврди изборот и за ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА е избрана ученичката Исидора Николоска со 303 бодови.
На ученичката и го честитаме успехот и и посакуваме освојување на уште многу планини од знаења.