Амфитеатарот кај Слонот - Добре Јованоски

Амфитеатарот кај Слонот

Последните топли и сончеви есенски денови нашите третачиња ги искористија за настава во природа. Учениците од III-1, III-3, III-4 и III-5 одделение, заедно со нивните наставнички и наставникот по физичко воспитание денес го посетија амфитеатарот кај СЛОНОТ и мотивирани од убавините и шареноликоста на есента одржаа интегрирани часови посветени на есента. Со песна и игри за есента, илустрирани басни и прекрасни есенски изработени белезици го завршија овој прекрасен есенски ден.

X