Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ - Добре Јованоски

Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ

Во проектот во организација на Здружението “Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ” во соработка со Општина Прилеп, Преспанско-Пелагониска епархија и Институтот за старословенска култура-Прилеп по повод празникот посветен на Св. Климент Охридски, зедоа учество и ученици од нашето училиште. Тие учествуваа во работилници во трите секции по: Историја, Ликовна уметност и Македонски јазик, беа на еднодневна екскурзија во Охрид и ја посетија црквата Св. Пантелејмон на Плаошник и зедоа учество на завршниот настан од проектот “Денови на Св. Климент Охридски”, одржан во собраниската сала на Општина Прилеп.

Честит празник!