По повод Денот на полицијата, учениците од 5-то одделение при ООУ „Добре Јованоски“ ја посетија локалната полициска станица. Тие имаа можност да се запознаат со работата на полицијата, да видат службени возила и опрема, и да поставуваат прашања. Посетата беше едукативна и инспиративна, со што учениците научија повеќе за безбедноста и важноста на почитувањето на правилата. Голема благодарност до полицијата за топлиот прием!