За потребите на проектот “Raise your voice for a smarter choice” од програмата Erasmus+, поддржана од Европската Унија, училиштето објавува оглас за пријавување на наставници за учество во мобилностите предвидени со овој проект. Критериуми за пријавување се:
- Да се вработени во училиштето;
- Да имаат солидно познавање на англискиот јазик;
- Да поседуваат лидерски и комуникациски способности;
- Да сакаат тимска работа;
- Да поседуваат валиден пасош;
- Да сакаат да бидат дел од обуки за професионален развој.
На огласот може да се пријават сите наставници кои ги исполнуваат горенаведените критериуми. Огласот е отворен 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, а заинтересираните наставници можат да се пријават кај членовите од Erasmus+ тимот од училиштето после што ќе биде формирана комисија која ќе одлучува за изборот на наставниците.Оглас за избор на наставници