Образование за возрасни - Добре Јованоски

Образование за возрасни

Денеска благодарение на Локалната самоуправа и УНДП заедно со нешто училиште завршивме уште една убава приказна. Преку панел дискусии во присуство на Градоначалникот на Општина Прилеп на кои учествуваа претставници од УНДП, НВО, директорката и психологот во нашето училиште се беше дискутирано за важноста на образовниот процес и зајакнувањето на локалните капацитети. Оваа средба беше искористена и за ново продолжување на вториот циклус од проектот Образование за возрасни, а вооедно беа доделени и потврдите за завршено основно образование од првиот циклус. Благодарност до УНДП за сите залагања во нашата општина, но и за безрезервната поддршка што ја имаме како училиште од Градоначалникот и Претседателот на Советот.