Добревци наградени 

Пет ученички од IX одделение
Исидора Барлеска
Елена Димоска
Тајла Кукуљац
Јована Стојаноска
Леонтина Велеска
добијаа награди и благодарници за нивните есеи на различни теми од историјата, со кои што конкурираа на Конкурсот објавен од Сојузот на борците од НОВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи -Прилеп. Наградените ученички беа под менторство на нивната наставничка по историја Ивана Поп-Антоски.
Конкурсот и вчерашното читање на есеите е дел од чествувањето на 3 Ноември -80 години слободен Прилеп.





