ИЗВЕШТАЈ ОД САМОЕВАЛУАЦИЈА 2020-2022 година - Добре Јованоски

ИЗВЕШТАЈ ОД САМОЕВАЛУАЦИЈА 2020-2022 година

ИЗВЕШТАЈ ОД САМОЕВАЛУАЦИЈА   2020-2022  година

 

Врз основа на член 129,став 4 од Законот за основно образование,комисијата за изготвување самоевалуација на работата на ООУ „ Добре Јованоски“-Прилеп  , за периодот од 2018 година до 2020 год., изврши самоевалуација на работата во ООУ„Добре Јованоски“-Прилеп.

Во текот на работата, тимот имаше средби и разговори со одговорните од тимовите за секое поединечно подрачје за самоевалуација како и со сите вработени во училиштето. Изврши проверка на потребната документација и од неа користеше повеќе податоци. Спроведе анкета со учениците,наставниците, директорот и родителите. Сите добиени податоци ги анализираше и врз нивна основа го донесе следниот извештај.

За изготвување на Самоевалуацијата беа користени насоките од Законот за основно образование, од Интегрална евалуација на училиштето и Правилник за СЕУ Индикаторите за квалитетот на работата на училиштето изготвени од МОН и ДПИ.

Целта на Самоевалуацијата е со конкретни анализи и осврти на сите области на работење на училиштето да се добие слика за квалитетот во работењето,напредокот и постигањата на училиштето, јаките но и слаби страни, за кои ќе следат предлог мерки за нивно надминување. Секако дека воочените слабости ќе ги мотивираат сите учесници во наставниот процес (директни или индиректни) да ги вложат сопствените капацитети и искористат постојните ресурси за подобрување на условите и стандардите во училиштето. На тој начин ќе се придонесе за целосно и квалитетно реализирање на воспитно-образовниот процес.

Самоевалуацијата ги издвојува и приоритетните области на делување за унапредување и осовременување на наставните и воннаставни активности. Заедничка цел на сите субјекти во училиштето е слабите страни да се во се помал број, а јаките да се одржуваат, односно зголемуваат.

 

 Организирање и реализација на наставата и учењето

  • Подигање на свеста на родителите за посета на наставата и за значењето на воспитно-образовниот процес од страна на учениците во сите одделенија
  • Подигање на свеста на родителите за почитување на реонизацијата при упис во прво одделение во училиштето од страна на учениците македонци;
  • Подигање на свеста на родителите и учениците за намалување на неоправданото отсуство и редот и  дисциплната на учениците;
  • Подобрување на заинтересираноста на учениците за вклучување во воннаставни активности од страна на наставниците и учениците.

                Постигнување на учениците

  • Систематски се следи, споредува и анализира состојбата со успехот и постигањата на учениците;
  • Училиштето располага со податоци за постигањата на учениците од различен пол и етничка припадност;
  • Родителите навреме се известуваат за постигањата на учениците;
  • Училиштето има свои критериуми за оценување на учениците и ги почитува стандардите пропишани од БРО;
  • Транспарентност во оценувањето;
  • Родителите детално се запознаваат со постигањата на учениците и им се овозможува правото на приговор ;
  • Подобрување на постигањата на учениците преку примена на современи форми и методи во наставата ( ИКТ, проекти, презентации, истражувања и сл.);
  • Идентификацијата на учениците со потешкотии во учењето, со посебни потреби и надарените ученици ја вршат наставниците и стручната служба;
  • Подобрување на постигањата на учениците се врши преку организирање и реализирање на Слободните ученички активности;
  • Училиштето системски ја следи редовноста на учениците (според полот, етничката припадност и социјалното потекло), ги анализира причините за отсуство од наставата и навреме презема конкретни активности со цел зголемување на редовноста;
  • Училиштето соработува со родителите и локалната средина во врска оваа проблематика;
  • Примена на ИКТ во наставата;
  • Зголемување на бројот на ученици од ромска националност кои го завршуваат наставно- воспитниот процес.;
  • Редовно одржување на дополнителна и додатна настава;
  • Постигањата на учениците јавно се промовираат и истакнуваат.
  • Постигањата на учениците се промовираат и надвор од училишните рамки ( натпревари, литературни, ликовни и други конкурси, читање на лични творби);
  • Идни активности за се подобри успехот на учениците, подобрување на неродовноста и поголема едукација на родителите од ромска националност.;

 

 

 

Професионален развој на наставниците, стручните соработници и на раководниот кадар

  • Одржани се потребните обуки и семинари за професионално усовршување на наставниците и стручните соработници;
  • Материјалите за потребите на наставата се обезбедуваат навреме;
  • Има потреба од дополнителна обука на наставниците и стручните соработници како резултат на спроведувањето на онлајн наставата со различни платформи и секој вид на обука би била добредојдена;
  • Училишната библиотека располага со доволен фонд на книги.

 

 

Управување и раководење

  • Училишниот одбор е конституиран согласно законската регулатива и статутот на училиштето, работи согласно изготвена програма за работа и деловник за работа;
  • Раководниот орган ( во соработка со стручните органи и тела )преку изработка и аплицирање на проекти реализира инфраструктурни зафати, едукација на наставниот кадар и набавка на нагледни средства;
  • Целите на училиштето се во согласност со образовната политика преку инкорпорација на Законот за основно образование, Статутот на ОУ и останатите подзаконски акти кои ги носи МОН;
  • Недостиг на обуки и семинари за професионален развој на наставниот кадар.

 

                                 

 

Комуникација и односи со јавноста

  • Во училиштето владее позитивна клима за работа, која позитивно се изразува врз комуникациските односи меѓу сите вклучени страни во воспитно – образовниот процес;
  • Наставниците, учениците и локалната средина постојано работат на подобрување на условите и методите за работа;
  • Во училиштето се превземаат мерки за разрешување на конфликтите ;
  • Нивното решавање е најчесто преку дијалог и медијаторство, со често позитивна критика, без стереотипи и со емпатија;
  • Сите субјекти се вклучени и ангажирани при различни делови од организацијата на наставните планови;
  • Единствена слаба страна,  која во иднина треба да остане приоритет на училиштето, е слабата посетеност на родителските состаноци;
  • Постојат индикации дека на овој проблем биле вршени истражувања за причините, како и обиди за подобрување на состојбата.

           

 Училишна клима и култура

  • Чувство на родителите дека децата им се задоволни и среќни во училиштето и дека се почитуваат правата на учениците;
  • Добар  углед на училиштето во општеството;
  • Добра комуникација помеѓу вработените;
  • Наставниците подеднакво се однесуваат со сите ученици;
  • Да се подобри комуникацијата наставник – родител.

                        

 Соработка со родителите и локалната средина

  • Училиштето во соработката со Локалната средина е препознатливо по квалитетот на работењето и големиот број на проекти реализирани преку Локалната самоуправа;
  • Недоволна вклученост на секој родител одделно во придонесувањето на комуникацијата и соработката со локалната средина;
  • Недоволна вклученост на наставниците во изработка на проектите во соработка со Локалната средина;
  • Поголема вклученост на родителите во соработката и комуникацијата со Локалната средина;
  • Поголема вклученост на наставниците во изработка на проектите за подобрување на образовниот процес на учениците.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Комисијата составена од 5 члена за спроведување на самоевалуацијата при ООУ „Добре Јованоски “ Прилеп по завршувањето на активностите го доставува следниот ПРЕДЛОГ до Директорот ,  Училишниот Одбор  и  Основачот

Со следниот   предлог на мерки за подобрување на наставата:

  1. Набавка на нагледни средства;
  2. Практична настава би придонесла за поголема мотивираност и поголеми резултати кај учениците;
  3. Воведување на кабинетска настава:
  4. Стручна литература која би ги надополнила постоечките информации од учебниците;
  5. Зголемување на мотивираноста кај учениците за постигнивање подобри резултати;
  6. Поголемо учество на учениците во вон-наставни активности;
  7. Поголема соработка со родителите, кои имат деца со посебни потреби и потешкотии во учењето;
  8. Поголема соработка со средните училишта;
  9. Понатамошна поддршка на учениците за постигнување на уште подобри резултати, како и учество на натпревари и конкурси;
  10. Поголема ангажираност на Советот на родители преку одржување на едукативни работилници
  11. Поголема соработка со приватниот сектор ;
  12. Понатамошна примена на Стандардите за оценување на постигањата на учениците од страна на сите наставници ;
  13. Досредување на училишниот двор и партерно уредување на дворот и промена на подлогата на отвореното спортско игралиште;
  14. Набавување на потребна литература за учениците;
  15. Поголема ангажираност и вклученост на родителите во образовниот процес;
  16. Подолгорочни планирања за подобрување на севкупната состојба на училиштето.

 

 

Комисија:

  1. Елида Ѓорѓиеска-Педагог
  2. Софија Бошеска – психолог
  3. Верица Думбалоска-Одд.наставник
  4. Изабела Ц. Узуноска-Предм.наставник
  5. Дервишоски Нури – родител

 

Август , 2022 година