Второ место на Карневал Прочка 2025 - Добре Јованоски

Второ место на Карневал Прочка 2025

“Замисли да најдеш златен билет што ќе ти ја отвори вратата кон најчудесната фабрика на светот – место полно со реки од чоколадо, бонбони што никогаш не се трошат и тајни соби што никој досега не ги видел! Но, внимавај… фабриката крие мистерии, а не секој што влегува ќе излезе ист!” Учениците и наставниците од петто и седмо одделение, преку нивната точка го претставија нашето училиште со маската “Вили Вонка и фабриката за чоколада”.